| четврток, 6 декември 2018 |

Мотор се спаси од „зарибување“, Металург им дозволи победа во второто полувреме

metalurg

Уште една лоша завршница во рамките од Лигата на шампионите го чинеше Металург нов пораз, петти во оваа сезона по седум одиграни кола.
Грогираниот противник Мотор Запорожје по првиот дел кога губеше со три разлика (12-9) успеа да се спаси од „зарибување“ благодарејќи на играчите на Лино Червар кои одиграа многу слаби 30 минути во второто полувреме.
Во првиот дел играта на Металург ветуваше победа и приклучок кон горниот дел од табелата со шанса за едно од првите две места во групата кои водат во следната фаза.
По паузата на теренот во вториот дел во СЦ „Борис Трајковски“ како да излегоа сосема други екипи, па се што го изградија металурзите до тогаш многу лесно за само 15 минути успеаја да го прокоцкаат и да му дозволат на противникот повторно да проработи и да го преземе водството. За само 20 минути Мотор имаше солидна предност од четири голови и се чини дека веќе го реши натпреварот.
Во овој период незапирлив беше Шелеменко со три голови во серија, а одличната одбрана не дозволи бомбардерот на Металург, Јанко Божовиќ да ги покаже своите квалитети.

metalurg 1

Сепак шансата за израмнување дојде на една минута до крајот, но повторно како и во претходните три меча кога Металург минимално губеше, топката беше загубена последниот напад на Мотор успешно го реализираше Пуховски стави точка на мечот и ја осигура победата на Мотор поставувајќи ги конечните 21-23.
Со новиот пораз Металург ги загуби сите шанси за пласман во следната рунда на три кола до крајот од групната фаза во Лигата на шампионите.

Лидер во нападот на Металург одново беше Јанко Божовиќ со пет гола, а по три погодоци постигнаа Давид Шпилер и Жарко Пешевски. Кај Мотор Запорожје најефикасен беше Сергеј Шелменко со седум гола, а Пуховски додаде пет.

Во следниот натпревар во Лигата на шампионите, Металург на 19 ноември му гостува на Кадетен Шафхаузен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top