| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена бомба на Националната банка во Грција, хаос на улиците во Атина (ФОТО+ВИДЕО)

atina
Грчката полиција денеска употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се противат на мерките за штедење, а кои фрлале молотови коктели во центарот на Атина. Молотов коктел бил фрлен и на Националната банка на Грција. Во Грција нема да има летови на домашни линии, бродовите не пловат, а јавните служби ќе бидат затворени. Во болниците ќе работат само итните служби, а некои државни училишта ќе бидат затворени, бидејќи наставниците и учениците, докторите, новинарите и вработените во сообраќајните служби се приклучиле кон првиот голем штрајк оваа година.

Во другиот најголем град, Солун, демонстрантите ги заземале улиците и им си приклучиле на своите сонародници во генералниот штрајк на кој има над 24 000 луѓе.
atina1
Во Атина се слушнала експлозија која одекнала во градот, откако демонстрантите фрлиле бомба со бензин кон полицијата на плоштадот Синтагма. Полицијата користела солзавец на насобраните луѓе.

Штрајкот се одржува во моментот кога Европската Комисија, Европската централна банка, ММФ и Европскиот фонд за стабилизација, вршат ревизија на реформите на кои се обврзала Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top