| четврток, 6 декември 2018 |

Црнокрак: Како Дунавка стигнала до изборот, сама си знае

dunavka11

Модниот менаџер Мики Црнокрак вели дека лиценцата за Мис гранд интернешнл, каде годинава Македонија ја претставуваше Дунавка Трифуновска, до лани била во рацете на модното студио „Црнокрак“.

Годинава во исто време со тој избор беше и изборот „Мис Глоуб“ во Канада, за кој со месеци одржувавме избор на мис низ Македонија и каде нашата Елена Анѓеловска ја освои титулата  втора придружничка. Затоа што тој избор ни беше поважен, се извинив кај организаторот и кажав дека годинава нема да учествуваме. Како таа стигнала да биде претставник на Македонија, не знам, сама си знае – вели Црнокрак за „Република“.

За претставник на Македонија за овој избор на убавина, каде учествуваат претставнички од 70 земји низ светот, немаше никаков избор. Не е познато како Дунавка Трифуновска стигнала до таа лиценца. Се коментираат различни верзии за тоа како Дунавка отиде во Тајланд, па дури и најниски и најсрамни начини. Но за тоа, никој не сака да зборува јавно.

Друга контроверзија околу нејзиното учество во Тајланд, се и критериумите кои една претставничка треба да ги поседува, меѓу кои и оној за возраста.

dunavka godini 1

 

Учесничките мора да се меѓу 17 и 25 години. Иако на официјалната страна на изборот, пишува дека Трифуновска има 24 години, вистината е малку поинаква. Повеќе тука.

Нејзиниот настап на изборот, не предизвика реакции само во Македонија, туку беше и на потсмев во тамошните медиуми.

Miss Grand Macedoniaเมื่อ Miss Grand Macedonia อยู่ทีมลูกเกดต้องชมคนตัดคลิปน่ะ ^^#TEAMLukkadeCr.นำคลิปจากสมาชิกกลุ่มGossipMissThailand

Posted by นางงาม on сабота, 31 октомври 2015

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top