Еден од најдобрите фудбалери во светот кој има очаен почеток на сезоната во Премиерлигата во тимот на Челси, Белгиецот Еден Азар е се поблиску до напуштање на екипата од „Стенфорд Бриџ“ следното лето.
За услугите на Азар најсериозно е заинтересиран Реал Мадрид кој посакува да го доведе фантастичниот фудбалер во своите редови, а се шпекулира дека веќе испратил и понуда до лондоснкиот тим.
Сепак, како што јавува „Дејли Меил“ во трката за еден од најдобрите офанзивни фудбалери ќе се впушти и богатиот ПСЖ кој ќе се обиде да го врати Азар во Лига 1.
„Светците“ се подготвени да му платат на Челзи обештетување од 80 милиони евра за Белгиецот. Се чинеше дека „кралевите“ се најголеми фаворити за потписот на фудбалерот на Челзи, но сега и францускиот шампион влегува со сериозни намери во оваа трка.
Еден Азар има очајна сезона во дресот на „сините“ како и повеќето фудбалери под водство на Жозе Мурињо и размислува да се врати во француската Лига 1. Тој од 2007 до 2012 година играше за екипата на Лил со кој во сезоната 2010/2011 ја освои шампионската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.