| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија најзагадена држава во Европа

Скопје и Тетово се најзагадените градови во Европа веднаш зад Сараево, објави британскиот „Гардијан“ повикувајќи се на концентрацијата на честички во воздухот. Двата македонски града се означени со виолетова точка, или концентрација до 100 микрограми на кубен метар.

Според „гардијан“, Македонија е најзагадена држава во Европа. По Скопје и Тетово, на мапата, со розова точка се означени  Битола, Велес и Кочани, односно концентрација на честичките до 75 микрограми на кубен метар. Исто ниво на загадување имаат и Софија, Пловдив, Солун, Краков и уште неколки други градови.

Светската здравствена организација предупредува дека големото присуство на ваквите честички во воздухот, може да бидат причина за појава на хронични и на акутни респираторни проблеми.

Сараево е единствениот град што е означен со црвена точка, односно концентрација до 372 микрограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top