Во годишната ранг листа на списанието „Mаксим“ во стоте најжешки жени влегуваат личности од музичкиот бизнис, киното, телевизијата. Оваа годината рангирањето ја слави својот 15-та годишнина.
Еве кои се десетте најсекси жени според „Максим“.
10. Џесика Симпсон
Во денешно време се слуша повеќе за приватноста на американската пејачка и актерка, отколку за нејзината професионална кариера. Ова воопшто не е нејзино прво појавување во рангирањето на „Mаксим“. Во 2004 година Џесика Симпсон беше на челното место на листата.
9. Линдзи Лохан
Се сеќавате ли на времето кога Лохан го привлекуваше вниманието со нејзините актерски способности. Актерката беше на челното место во рангирањето во 2007 година. Штета што дрогата и алкохолот уништија многу од нејзината слава.
8. Оливија Вајлд Џејсон
Во 2005 година Оливија го завзема незавидното 65-то место во рангирањето на „Mаксим“, но само неколку години подоцна, во 2009 година, веќе е на челната позиција.
7. Мајли Сајрус
Зборувајте што сакате за неа, но мажите продолжуваат да ја сакаат. Затоа и беше на првото место во 2013 година.
6. Кристина Агилера
Поп принцезата има своја ѕвезда на Холивудското шеталиштето на славата од 2010 година. Нејзиниот деби албум, кој излегува во 2001 година, девет пати е прогласен за платинест во САД.
5. Кендис Сванпул
Убавицата е едно од лицата на марката за луксузна долна облека „Викторија Сикрет“. Иако оваа година не е во топ 3 на „Mаксим“, минатата година таа беше на прво место во рангирањето.
4. Роуз Хантингтон-Вајт
Уште една од девојките на „Викторија Сикрет“ се наоѓа меѓу топ 10 на овогодинешното рангирање на „Mаксим“. Таа е еден од ангелите на марката за долна облека уште од 2006 година. Од 2010 година е во интимна врска со актерот Џејсон Статам.
3. Мариса Милер
Од 2008 година таа е постојано присустна во рангирањето на „Mаксим“. Моделот Мариса Милер е рекламно лице на марки како „Sports Illustrated“, „Victoria’s Secret“ и „Harley Davidson“.
2. Џесика Алба
Во 2001 година, кога има едвај 20 години, американската актерка е прогласена за најсекси жена на годината од „Mаксим“. Таа е најмладата добитничка на оваа награда. Алба се појавува и на насловната страница на списанието „Плејбој“.
1. Ева Лонгорија
Втора година по ред, почесното прво место и оваа година е за актерката од „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија. Таа е единствената жена, која го завзема првото место во последователни години. Освен тоа беше број 1 и во 2005 година и во 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.