Често се вели дека лицето е огледало на здравјето, но истото може да се каже и за нашите раце. Доколку редовно ги набљудувате, вие можете да препознаете неколку рани знаци кои укажуваат на појава на посериозни проблеми и болести. Откријте на што треба да обрнете повеќе внимание за да се заштитите на време.
1. Вкочанетост на прстите и дланките – ревматоиден артритис. Токму вкочанетоста е еден од првите знаци на оваа болест. Најчесто се појавува паралелно со воспаление на истите зглобови и отеченост. Вкочанетоста одеднаш доаѓа и во текот на денот може да ги зафати сите зглобови во дланката, а болката да се шири нагоре кон раката. Ако забележите вакви промени, обратете се веднаш кај вашиот доктор.
3. Нокти во две бои – болни бубрези. Поголемиот дел од пациентите со хронична болест на бубрезите има нокти во две бои – дното им е со бела боја, додека горниот дел има лесно или изразено кафеава боја. Ноктите кои лесно се кршат исто така можат да укажуваат на проблеми со бубрезите. И двете состојби се поврзани со зголемена концентрација на одредени хормони и хронична анемија кои се поврзуваат со болест на бубрезите.
4. Слаб стисок – проблеми со срцето. Јачината на стисокот со дланките ја покажува силата на мускулите, па доколку тој е слаб, тогаш покажува на општа слабост која може да е поврзана со недостаток од физичка активност. Едно големо истражување спроведено на 140 илјади луѓе од 17 земји ширум светот утврдило и дека оние кои имаат слаб стисок имаат и поголеми шанси за развивање болести на срцето.
5. Потење на дланките – хиперхидроза. Ако имате проблем со потење на дланките, пред да помислите на проблеми со тироидната жлезда, најпрво проверете да не станува збор за хиперхидроза – состојба на прекумерно и неконтролирано потење. Кај повеќето луѓе хиперхидрозата се препознава преку потење на точно одредени делови од телото како дланки, пазуви или стапала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.