| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виена на фестивал на колачи и уметност

Од 17 до 20 април оваа година во Виена ќе се одржи првиот кулинарско-уметнички фестивал насловен „Уметноста и колачите“.

Leo-Forsthofer_Kurkonditorei-Oberlaa_Smurfnob_26_600

Во рамки на оваа манифестација, единствена од овој вид, пет врвни австриски готвачи од најпознатите австриски слаткарници, како што се Diglas, Groissböck, Kaplan, Landtmann и Oberlaa, ќе ги претстават своите торти создадени според уметничките дела на современите австриски уметници.

Leo-Forsthofer_Kurkonditorei-Oberlaa_Smurfnob_35_600

Изложбата на овие слатки уметнички дела ќе се одржи во најпознатата трговска улица во Виена, Mariahilferstrasse, во студиото на организаторите на изложбата KMG Kultur und Medien, а слатките уметнички дела ќе бидат поставени рамо до рамо со оригиналите.

Torta

Пред да почнат со готвењето, слаткарите добиле фотографии од уметничките дела кои со помош на своите торти, формално, содржински и стилски ќе ги интерпретираат.

Патем, влезот на изложбата и дегустацијата се бесплатни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top