| четврток, 6 декември 2018 |

„Травијата“ в сабота во МОБ

Во сабота, (14.11.2015 година), во Македонската опера и балет ќе се одржи најпопуларната и најизведувана оперска претстава „Травијата“ на Џузепе Верди. Претставата ја режираше гостинката од Бугарија, Нина Најденова. Насловната улога, Виолета Валери, (Травијата) за ПРВ ПАТ ќе ја толкува сопранот Билјана Талевска-Јосифов, Алфред Жермон ќе го толкува тенорот Зоран Сотиров, додека Жорж Жермон, ќе го интерпретира, баритонот Ристе Велков.

Диригент е: Иван Еминовиќ, а настапуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top