| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемите шминкерски катастрофи на ѕвездите (ФОТО)

Иако се славни ѕвезди и имаат тим експерти кои се грижат за нивниот изглед, грешките понекогаш се неизбежни.
Claudia-Angelina-Nicole-Kidman-and-Leighton-Meester
Подготовките на ѕвездите за прошетка по црвениот тепих траат и по неколку денови, а за завршниот изглед заслужна е војска стилисти. Сепак, се случуваат пропусти…
Дури ниту шминкерските уметници на ѕвездите понекогаш не се свесни дека направиле нешто погрешно додека нивните клиенти не се прошетаат по црвениот тепих, а фотографиите не се појават во медиумите.

Некои од најголемите светски диви поради мејкап катастрофи беа главна вест.

Меѓу нив е, верувале или не, и Анџелина Џоли (40). Актерката во мај 2014 година му се придружила на сопругот Бред Пит на премиерата на филмот ‘The Normal Heart’, но целосното внимание го превзел непланираниот детал кој бил невозможно да не се види на лицето од актерката. Имено, фотографите забележале бела пудра која се издвојувала од остатокот на нејзиното лице. Актерката несвесна за грешката на шминкерите воодушевено им позирала на собраните фотографи.

'The Normal Heart' Premiere - New York
Ева Лонгорија (40) е една од најубавите холивудски актерки, но никогаш никому нема да му биде јасно како, откако се погледнала во огледало, не ги видела белите сенки под нејзините очи. Кога овие фотографии се појавија во медиумите, многумина ја споредуваа со ракун.
Eva Longoria Gets Made Up For Dinner
Кога пред две години се појави на голема забава во ноќниот клуб „Create” од далеку се` се чинело совршено, но фотографиите покажаа нешто сосема друго. Се чини дека тимот на шминкери на Мајли Сајрус не стигнал да ја доврши шминката, па пејачката делувала неуредно и недовршено.
The Maxim Hot 100 Party - Los Angeles
Британската водителка и модна дизајнерка е последна жртва на лошата работа на шминкерите. Ејми Чајлдс (25) изгледала прекрасно во долгиот фустан, но се` паднало во вода со шминката т.е. со премногу белата пудра или коректор под нејзините очи бидејќи тој дел целосно се издвојувал од остатокот од нејзиното лице.
CELEBRITIES ATTENDING LONDON LIFESTYLE AWARDS IN LONDON
Актерката Никол Кидман, инаку позната по беспрекорниот изглед, на премиерата на филмот ‘Nine’ во 2009 година се појавила со бел прав на носот. Нешто очигледно тргнало наопаку бидејќи наводно станувало збор за вишок пудра кој останал на нејзиното лице. Никол Кидман делувала како да е нашминкана во последен момент, па не стигнала да се погледне.
NINE PREMIERE, 121509

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top