| четврток, 6 декември 2018 |

Награда за животно дело за Славе Димитров на „Скопски фестивал“

Бардот на македонската музика, композиторот Славе Димитров, кој целиот работен век го помина во МРТ, ќе добие Награда за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, утревечер на новото издание на Скопскиот фестивал, од 20,15 часот во “Метрополис” арената во Скопје, пишува весникот „Вест“.

Водителот на фестивалот, актерот Васил Зафирчев ќе изведе музичко-сценски перформанс во чест на Димитров како добитник.
Димитров својот професионален и уметнички кредибилитет го градеше паралелно со развојот на фестивалот, збогатувајќи ја македонската музичка продукција на забавни мелодии. Огромниот број песни и хитови коишто траат до денес, го потврдуваат и реномето на фестивалот кој заслужено стана бренд на МРТ.
На фестивалот ќе настапат 18 изведувачи, а Тамара Тодевска и Елена Ристеска се специјални гостинки. Уметнички директор на фестивалот и диригент на големиот Ревиски оркестар е Љупчо Мирковски.Бројот на билетите е ограничен, а се продаваат по цена од 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top