Веќе со децении, англискиот јазик е доминантен во однос на сите други светски јазици. Денес во светот се зборуваат околу 7000 јазици, о забележан е силен тренд на згаснување на голем број на истите. Од друга страна, прогнозите се дека англискиот јазик ќе ја загуби позицијата на најпопуларен и тоа најкасно до 2115 година.
Моментално една четвртина светска популација знае да комуницира на англиски јазик на одредено ниво. Англискиот се зборува официјално во 30 земји ширум светот, односно повеќе од 500 милиони луѓе го зборува англискиот како официјален или мајчин јазик.
Меѓутоа, науката се почесто зборува дека работите значително ќе се сменат веќе од половината на овој век. Голем број на експерти се раководи според прогнозата дека англискиот од позицијата на најпопуларен светски јазик ќе биде тргнат од францускиот јазик.
Денес францускиот јазик како мајчин јазик го зборуваат 220 милиони луѓе, а се смета дека до 2050 година оваа бројка ќе биде зголемена за повеќе од три пати, односно дека до 2050 година францускиот јазик како мајчин јазик ќе го зборуваат повеќе од 750 милиони луѓе.
Се очекува дека францускиот јазик ќе ги надвладее и кинескиот и англискиот јазик. Тоа поради што оваа прогноза има силно втемелен факт е тоа што голем број на африканските нации го зборуваат францускиот јазик. Силниот економски развој на африканскиот континент укажува и на силен раст на популацијата, што е уште еден силен елемент во корист на теоријата за францускиот како иден најдоминантен јазик на светот, наведува „Дисковери Чанал Нетворк“.
Јазиците кои исто така ќе имаат изразен раст во смисла на популарноста се кинескиот и индискиот. Во случајот со кинескиот и индискиот јазик главен фактор е бројноста на популацијата, а токму заради тоа се смета дека автоматски и популарноста на овие јазици ќе иде во пораст.
Во Кина живеат 1.3 милијарди луѓе, а во Индија 1.2 милијарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.