Во издание на „Грифим прес“ и „АЕА издавачи“ од Мелбурн, со подршка на Националната библиотека на Австралија на англиски јазик излегоа од печат романите „Зима во лето“ и „Америка,Америка“ од познатиот македонски писател, Божин Павловски. Делата се во превод на Џим Томев и Елена Чијаварела. Уредник и редактор на изданијата е Бредли Доусон, а дизајнот го направи ликовниот уметник Џеки Линч.
Божин Павлосвки е автор на деветнаесет романи,високо вреднувани од страна на литературната критика. Негови дела се преведени на: англиски, грчки, полски, украински, турски, албански, српски, словенечки, бугарски, руски, француски, чешки, италијански и др.јазици. Добитник е на национални и меѓународни признанија, меѓу кои на државната награда „11 Октомври“ за животно дело и Интебалканската награда на Солун, Република Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.