| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го презеде од Словенија претседавањето со Советот на министри за култура на ЈИЕ

Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, популарно рефериран како КОМОКОСЕЕ, е тело кое активно се залага за промоција на принципот на разбирање и добрососедски односи меѓу земјите од ЈИЕ, како и вмрежување на институциите и субјектите од нашите држави во регионални проекти од различни области

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска и официјално го презеде претседавањето со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (ЈИЕ) на состанокот во Брдо кај Крањ, Република Словенија. Претседавањето со овој Совет е во траење од една година.

бети

Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, популарно рефериран како КОМОКОСЕЕ, е тело кое активно се залага за промоција на принципот на разбирање и добрососедски односи меѓу земјите од ЈИЕ, како и вмрежување на институциите и субјектите од нашите држави во регионални проекти од различни области. Во рамките на активната соработка со оваа значајна платформа, Република Македонија активно партиципира во повеќе проекти, меѓу кои се „Љубљански процес II: рехабилитација на нашето заедничко наследство“,  пилот-проектите за локален развој и други проекти кои се во функција на заштита и унапредување на културното наследство во регионот.

На денешниот состанок во Брдо, министрите за култура, како и претставниците на УНЕСКО, Советот на Европа и на Европската унија, меѓу другото, ќе ја усвојат и министерската декларација со која ќе се обврзат на поинтензивна меѓусебна соработка.

Министерката за култура утре ќе учестува и на состанокот на министри за култура на Форумот на словенски култури, тело кое ги промовира и афирмира особеностите на словенските култури.

Во рамките на културната програма, пред почетокот на состанокот на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа, министерката синоќа во Националниот музеј присуствуваше и на отворањето на изложбата „Замислувајќи го Балканот – идентитети, дијалог во долгиот 19 век“, на која се претставени експонати и документи за личности значајни за историските процеси во 19 век.

На изложбата, која ја отворија генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, и министерот за култура на Словенија, Урош Грилц, претставени се важни експонати и од Репубилика Македонија, меѓу кои се раритетна икона од Дичо Зограф, Тријазичникот од Ѓорѓија Пулевски, три филма од богатиот опус на првите сниматели на Балканот, браќата Манаки, бајракот на Галичката свадба и многу други предмети кои беа селектирани од страна на Музејот на Македонија и Kинотека на Македонија.

бети1

Оваа изложба, која е резултат на активната соработка на државите од југоисточна Европа со Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција, по прикажувањето во Љубљана, ќе биде претставена и во другите земји од Балканот, а во 2014 година домаќин на ова ликовно претставување ќе биде и Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top