| четврток, 6 декември 2018 |

Недвижности на Ватикан служат за бордели и салони за масажа

ватикан

Недвижностите во сопственост на Ватикан во Рим, служат како сауни и салони за масажа  во кои свештениците плаќаат за сексуални услуги, стои во еден од извештаите кои се срамни за Црквата, а чии детали почнаа да излегуваат во јавноста после најновата афера „Ватилекс“.

Исто така се наведува како скапоцените недвижности, во средиштето на главниот град на Италија, се изнајмени по цена далеку под пазарната вредност а се со цел да се вратат услугите на оние на кои некои претставници на Ватикан им должеле.
-Меѓу  недвижностите кои се спомнуваат во документот кој во јавноста го пласираше некој од ватиканските кртови, се и двете улици во близина на италијанскиот парламент, како и солариумот кај Пјаца Барберини-пишува Индепендент.

Посебно е издвоен еден дел од ватиканската организација- Конгрегацијата за изучување на верата. Таа управува со стотина недвижнини во центарот на Рим, вредни стотина милиони евра
Пред две години јавноста дозна дека Ватикан купил станбен блок вреден 160 милиони куни во Рим, во кој била сместена и најголемата геј сауна во Европа. Зад оваа ватиканска инвестиција стоел кардиналот Тарцисио Бертоне.
Истиот тој кардинал, како се испоставило во „Ватилекс“ користел 200 илјади евра од донираните пари за болните, како би ја обновил својата луксузна вила.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top