Како бомба одекна веста што ја објави порталот „Радароналјн“ дека еден од најпознатите холивудски актери е ХИВ-позитивен.
Името на оваа ѕвезда сè уште не е соопштено, а се нагласува дека станува збор за голем заводник што е познат по расфрлање со пари и по голем број партнерки.
Како што наведува магазинот „Сан“ на долгата листа на неговите поранешни девојки се наоѓаат манекенки, добитнички на „Оскар“, ТВ-ѕвезди…
Исто така, се шпекулира дека актерот пред неколку години дознал дека е ХИВ-позитивен, но дека таа информација ја чувал во тајност дури и од најблиските пријатели и роднини.
Меѓутоа, како што шпекулираат американските таблоиди, наскоро во јавноста ќе протече името на оваа холивудска ѕвезда со оглед на тоа дека неговиот адвокат стравува дека наскоро ќе следуваат серија тужби од неговите поранешни партнерки, кои тој свесно ги изложил на ризик од опасност од оваа тешка болест, за која, секако, не ги известил.
Засега целата приказна е завиена со превез на тајна,а изворот близок до спомената ѕвезда вели дека актерот веќе подолго време е во параноја дека сите ќе го паметат по тоа што е ХИВ-позитивен , а не дека е одличен актер. Токму поради тоа актерот потрошил големо богатство за да ја држи оваа информација во тајност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.