| четврток, 6 декември 2018 |

Дајан Кругер е нова амбасадорка на „Шанел“

Љубовта меѓу модната куќа „Шанел“ и преубавата актерка Дајан Кругер се роди одамна, така што веста дека Дајан ќе биде заштитно лице на колекцијата „Скинкер“  не беше за изненадување. Дајан Кругер е една од музите на Карл Лагерфелд, а и самата многу често ги носи неговите модели при појавување на црвените килими по светот. Таа е редовен гостин и на модните ревии во Париз.

дајан кригер

Фотографиите на Дајан како амбасадорка на линијата „Скинкер“ на „Шанел“ треба да излезат во јавноста следната година и сите се нестрпливи да видат што подготвил магот на модата за убавата Дајан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top