Четиринаесет лица загинале, а 27 биле спасени во новиот инцидент со превртен чамец со бегалци во Егејско Море, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Американските медиуми посочуваат дека меѓу удавените имало седум деца.
Трагедијата се одиграла крај Ајвалик, во округот Чанаккале.
Бегалците се обиделе да стигнат до грчкиот остров Лезбос, кога им се превртел чамецот со кој пловеле.
Многу бегалци се обидуваат да стигнат до Европа, следејќи ја, понекогаш и по цена на својот живот, опасната маршрута преку Егејско Море од турското крајбрежје до некои од грчките острови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.