Вчера скопјанец бил нападнат од страна на двајца насилници со палка за бејзбол.
Инцидентот се случил околу 8 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Скопје.
Педесет и петгодишниот Н.Н. бил физички нападнат од страна на две непознати лица пред влезот од својата зграда. Тие го нападнале со бејзбол палка за да му одземат златно синџирче од вратот.
Скопјанецот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата трага по сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.