| четврток, 6 декември 2018 |

Чаури, неиспукан куршум и безбол палка на местото на вчерашното пукање во Мала Речица

Во врска со вчерашната вооружана престрелка меѓу две групи од кумановскиот огранок на ДУИ, од полицијата денеска соопштија дека како резултат на пукањето починал Н.Р. (46) од селото Белановце, повредени се С.Р. (41) од Белановце и Ф.М.(22) од Черкези, а приведени се четири лица, кои се задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.

„Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top