Од Германскиот фудбалски сојуз официјално ја потврдија денешната информација дека потписот на Франц Бекенбауер стои под документот, кој ја инкриминира земјата во корупциска шема за купување гласови за добивање на кандидатурата за домаќин на Светското првенство пред девет години.
Тоа го стори Рајнер Кох, кој од понеделникот привремено е на чело на ГФС, на местото на кое оставка поднесе досегашниот претседател Волфганг Нирсбах.
Бекенбауер го потпишал проектот за договор, според кој членот на Извршниот комитет на ФИФА, Џек Ворнер ќе го даде својот глас за Германија за паричен надомест, чија големина не се прецизира. Документот е со датум 2 јули 2000 година, односно четири дена пред гласањето.
Потоа, при гласањето Германија победи со 12:11 гласа, против кандидатурата на Република Јужна Африка, откако на чуден начин еден од тогашните членови на Извршниот комитет на ФИФА, Чарли Демпси, одбива да го даде својот глас. Според познатиот британски новинар Ендрју Џенингс, предметниот Демпси добил 250.000 евра поткуп.
Истата сума се споменува, дека Бекенбауер содејствувал да биде префрлена и на федерацијата на Малта, која исто така, ја дава својата поддршка за Германците.
Обвиненијата се дека тие користеле вкупно 6,7 милиони евра за мито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.