Лидерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни дебитираше во шоуто „Примарна сила“ на Светската федерација во борење во Манчестер.
Капитенот на Англија беше во прв ред во „Манчестер Арена“ и со погрдни зборови беше предизвикан од борачот Вејд Барет.
При качувањето во рингот Барет го зеде микрофонот и почна да го навредува Руни.
– На овој ринг има двајца мажи кои лесно можат да бидат опишани како замешани од шампионско тесто. Што се разбира е повеќе од она што може да се каже за Вејн Руни и Манчестер Јунајтед, рече Барет.
Потоа Барет го покани Руни во рингот, но рече: „Нема да ми биде пријатно твојот помал син да го гледа сопствениот татко како се бламира“.
Тогаш Руни, до кој стоеа неговиот поранешен соиграч Дарен Флечер и легендата Рајан Гигс, извикува „Тогаш дојди ми“.
Барет слезе до првиот ред, но Руни му залепи шамар и го легна на земја, секако сето тоа е само глума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)