| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид губи важна фигура за дербито

00575591

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, најверојатно ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ на шпанскиот фудбал. Како што е познато, дефанзивецот лошо падна врз рамото на почетокот на дуелот против Севиља во текот на викендот и веднаш беше заменет.
Излезе дека Рамос оживеал стара траума на истото место.

Сега има две варијанти: третман со лекови, што сепак не дава гаранции за излекување до 21 ноември, кога е дербито со Барселона, а другата опција е операција која, сепак, ќе го тргне фудбалер од терените најмалку 6 недели.
До денес лекарите на Реал сѐ уште не се одлучиле, бидејќи раководството, тренерскиот штаб и навивачите инсистираат Серхио да земе учество во судирот со Каталонците. Хируршката интервенција, сепак, изгледа ќе биде неизбежна и секое одложување може само да ги влоши работите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top