| четврток, 6 декември 2018 |

Несовесни граѓани повторно оштетиле опрема на Водно

Непознат сторител  изминатиот викенд оштетил соларна канделабра на првиот паркинг на Водно и направил материјална штета, соопшти денеска Град Скопје.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ и од МВР е направен увид на местото на настанот и е направен записник.

Град Скопје истакнува дека во парк шумата Водно повеќе пати се оштетува поставената урбана опрема и апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема и зелените јавни површини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top