| четврток, 6 декември 2018 |

Дали се подготвивте: Од денеска МВР ќе казнува!

Од денеска па до 15 март, според Законот за безбедност во сообраќајот, секое возило на пат мора да поседува зимска опрема, односно ланци или зимски гуми. Од МВР апелираат на носење на зимска опрема, во спротивно казната за непоседување на зимска опрема е 45 евра, или одземање на 25 бодови.

-Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15), моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31 од 2010 година).

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15), на возачот кој постапува спротивно на одредбата одставот (1) на овој член- се вели во соопштението на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top