| четврток, 6 декември 2018 |

Жан Аселборн: На ЕУ ѝ се заканува распад

На Европската унија ѝ се заканува распад, предупреди луксембуршкиот министер за надворешни работи, Жан Аселборн.

Причина за тоа е бeгалската криза заради која некои држави-членки ги затвораат границите, пренесува „Индекс“.

– Распадот може да се случи многу брзо, кога солидарноста ќе прејде во протерување – изјави тој .

Аселборн додаде дека Европската унија се наоѓа во многу критична ситуација. „Иако мнозинството земји сфатија дека на бегалците треба да им се помогне, сѐ уште постојат оние што не учествуваат во тој процес“, смета тој.

Луксембург во 1985 година во Шенген ја потпиша спогодбата за укинување на граничната контрола, а сега во неа учествуваат 26 европски земји.

За конкретната опасност од распад на европскиот систем министерот Аселборн кусо кажа – „имаме можеби неколку месеци“‘.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top