| четврток, 6 декември 2018 |

Баросо повикан да сведочи во корупциската афера „Дали“

Претседателот на Европската комисија и неговите соработници пред судот во Луксембург траба да се појават на 7 јули. Освен Жозе Мануел Баросо, судот побара сослушување и на шефот на неговиот кабинет, Јоханес Лајтенбергер, директорот на правната комисија на ЕК, Луси Ромеро Реквен, поранешната шефица на кабинетот на еврокомесарот за здравје Џон Дали, Џоана Дарманин, и неговиот портпарол Фредерико Винсент.

Судот настојува да утврди дали барањето на Баросо комесарот Дали да поднесе оставка било законски темелено.

Баросо во октомври 2012 година, откако го доби извештајот на Бирото за борба против измами (OLAF), побара од малтешкиот еврокомесар Дали да поднесе оставка. Дали од тогаш повеќе пати истакнува дека е невин и дека е жртва на тутунското лоби, коешто од него барало да го ублажи законот за тутунските производи, кој во тој период Европската комисија го подготвувала.

Дали се обрати пред Судот на Европската унија барајќи поништување на усната одлука на Баросо со која ја бараше неговата одлука. Поранешниот малтешки еврокомесар тврди дека претседателот на Европската комисија немал оправдување за своето барање и дека тоа е темелено на погрешни претпоставки.

Дали, исто така, тврди дека никогаш немал намера да го промени предлогот на директивата во насока во којашто ја посакувало тутунското лоби, и дека OALF не спровел коректна истрага, дека му е ускратено правото да се брани на соодветен начин и дека не е почитувано неговото право на пресумпција на невиност.

Тој неколку дека откако Европската комисија објави дека поднел оставка свика прес-конференција надвор од просториите на ЕК и истрајуваше на тврдењата дека не поднел оставка, туку дека на тоа го присилил претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо.

Дали беше осомничен за прикривање обиди за изнуда. Еден малтешки претприемач наводно барал од шведскиот производител на тутун „ Swedish Match” паричен надомест, а за возврат нудел дека преку еврокомесарот Џон Дали ќе се обиде да влијае врз промената на европскиот закон кој забранува извоз на одредени видови тутун, во прв ред за џвакање, надвор од Шведска. Антикорупциската агенција на ЕУ – OLAF, утврдила дека не била направена никаква трансакција, но дека еврокомесарот Дали знаел дека тој претприемач се повикувал на него, а притоа ништо не преземал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top