Најдобриот фински тенисер на сите времиња, Јарко Ниеминен реши да стави крај на дологодишната богата кариера. Тој синоќа го одигра својот последен меч, чест да ја заврши кариерата му на спектакуларен натпревар му ја укажа најдобриот на сите времиња Роџер Федерер.
Пред 12.000 гледачи во Хартвал арената во Хелсинки, двајцата двајцата врсници одиграа два сета во кој победи Федерер со 7-6, 7-6, но резултатот воопшто не беше во преден план. Сите присутни уживаа во спектаклот кој го приредија тенисерите.
– Се оствари една моја голема желба: да го одиграм последниот меч против најголемиот тенисер во историјата и мој добар пријател. Уживав во секој миг на теренот и тенисот засекогаш ќе остане дел од мене – изјави Ниеминен.
– Одамна сме пријатели со Јарко, во 1998 година заедно учествувавме на Светското младинско првенство и оттогаш останавме блиски. За мене беше голема чест да учествувам во неговиот проштален меч – рече Федерер.
Своите најголеми успеси во кариерата Ниеминен ги имаше пред повеќе од 10 години кога успеа на двапати да игра четвртфинале на грен-слем турнирите на Вимблдон и на УС Опен. Тој едно време беше и 13.тенисер на АТП листата.
Македонската публика имаше можност да го гледа и во Скопје кога пред девет години настапи за својата земја во Дејвис купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош