Во рамките на програмските активности посветени на големиот јубилеј – 70 години од постоењето на градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, вечерва, 10 ноември, со почеток во 19.00 часот, во Библиотеката ќе се одржи програмската содржна „Вечер со читателите“…
Предвидено е на вечерта да се обратат академик Луан Старова и директорката Гордана Петревска.
Во продолжение на вечерта во знак на внимание и како благодарност за довербата ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје на тројца читатели ќе им додели комплет книги. Наградите ќе ги врачи дојаенот на библиотеката Милица Вељановска.
Во продолжение на програмата присутните ќе го проследат настапот на триото Магдалена Попоска, Ени Вучидолова и Марија Михајловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп ќе добие нов лик
-
Музејот на современа уметност доби Библиотека и истражувачки центар
-
„Влези во нов свет“ – Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата