| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Владо Јовановски се огласи по барањето на Героски за федерализација

Актерот Владо Јовановски реагира на пишувањата на Бранко Героски, кого во својот Фејсбук статус го нарекува ЃЕРИЗ.

vladojovanovskiii

Јовановски вели дека Героски лажно се претставува како новинар, а ја критикува идејата на уредникот на ПлусИнфо за федерелизација на Македонија.

-Вистина ли е тоа што го пренестуваат медиумите, дека оној ЃЕРИЗ кој лажно се претставува за новинар, се залагал за федерализација на Р. Македонија. На ова мало парче територија не поголемо од фудбалско игралиште, каде што се сретнуваат културите од исток и од запад, од север и од југ, кај што се измешани нациите и расите од целиот свет. Кај што е родена европската цивилизација, писменост, од карпестата уметност (потврдено на светскиот конгрес за карпеста уметност одржан 2002 година), преку глаголицата, кирилицата и. т. н. Во таква една земја, која е татковина на сите други етнички заедници и по устав, со сите загарантирани права, а не само на македонците и на албанците, Ѓеризот предлага “ингениозна” идеја, FEDERALIZACIJA на МАКЕДОНИЈА. Тоа подразбира тројни парламенти, еден албански, еден македонски и еден сојузен или федерален. Подразбира три влади, македонска, албанска и сојузна. Најмалку две фудбалски репрезентации, а може и повеќе. Во тој случај зошто не би направиле фудбалска федерација и репрезентација и другите (турци, срби, бугари, власи, роми, бошњаци, торбеши, еѓипјани..) Прашање на време ќе биде, кога македонците со бугарски пасош од североисточна македонија ќе формираат стопанска комора, по теркот на албанската, и да побараат да се учи бугарски по примерот на македонците од центар Жупа кои бараа и добија да учат на немајчин турски јазик, еве да речеме од инат. Последователно, тој пример би го следеле и другите, по сите основи и шавови, Зошто да не!? Тогаш кантонот Ѓорче Петров за пиење вода, ќе уплаќа пари во владата на македонската федерација, а овие ќе ги префрлат средствата на сојузната влада, после сојузната влада ќе ги препрати до албанската федерација, а овие ќе ги распределат на кантонот Рашче со седиште во Кондово, а локален подпарламент во Сарај. Бидете сигурни дека во меѓувреме ќе испоцркаат за вода жителите на цело Скопје, без разлика на која федерација припаѓаат. И да скратам, мислам дека петата колона во Македонија ја заврши агендата за која беше плаќана цело време. Време е меѓународниот фактор, поточно нашите стратешки партнери да размислат за инсталирање на шеста колона, со единствена аѓенда, УКИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЈАЗИК И КУЛТУРА, ЗА СЕКОГАШ, со некое Пржино 6 или пржење на шеска… Можеби тогаш Македонецот најпосле, ќе го извади кубурот, кој го чува за недај Боже, напиша тој.

Во колумна насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски сратег Бранко Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики во колумна соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top