Д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, е запрашан зошто по денешниот инцидент на скопската клиника, кога беше пукано во хирург, медиумите не застанале во достоинствена одбрана на докторот. Тој е револтиран што воопшто се постави прашањето „кој треба да понесе одговорност“.
Како е можно медиумите да не го осудат овој примитивен чин кој се случи на скопските клиники, и кој беше извршен од страна на пациент? Како дел од нив воопшто прашуваат кој ќе понесе одговорност за овој инцидент, кога тоа е кристално јасно: Одговорност ќе понесе оној штосе осмелил да понесе огнено оружје со себе и со истото да посегне по животот на еден доктор.
Во последно време медиумите се навикнаа да критикуваат за наводни лекарски грешки и за пропусти во лекување, докторите им станаа „лесна цел“ за секаква критика и негодување.
Зошто тогаш во ваков случај, кога докторот е жртва на самоволието на пациентот, ниеден медиум не застана во достоинствена одбрана на докторот? Зошто е полесно да се критикува, отколку да се одбрани некој, кога е јасно на чија страна се фактите? -напиша д-р Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.