| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен со понуда до Гвардиола која тешко се одбива

Шпанскиот тренер во редовите на германскиот гигант Баерн Минхен е во голема дилема околку неговата иднина. Договорот кој го има со баварците му истекува на крајот од оваа сезона, и се погласни се шпекулациите околу неговата преселба на островото.
Британските медиуми го поврзуваат со трансфер во богатиот Манчестер Сити, но и актуелниот првак Челси на кого не му оди најдобро оваа сезона би сакал да го види во своите редови.
Сепак и неговиот актуелен клуб не седи со скрстени раце и веќе доставил понуда до Гвардиола која тешко може да се одбие. Тој има нови 15 милиони причини да остане во клубот во следните две години односно до завршување на сезоната 2018 година.
Тоа е за четири милиони евра поголема годишна плата од сегашната. Самото доаѓање на Гвардиола во актуелниот првак на Германија предизвика револуција кога се работи за платата на првиот тренер.
Неговите претходници Отмар Хицфелд и Јуп Хејнкес заработуваа 6 милиони евра по сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top