Владејачката ВМРО - ДПМНЕ го осуди инцидентот на Клиничкиот центар – Скопје во кој изутрината со огнено оружје беше повреден лекар и побара сторителите да бидат соодветно санкционирани.
Преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите политички и општествени субјекти да го осудат настанот и да не го злоупотребуваат за политички цели.
– Истовремено бараме да престане инструираната политичка и медиумска хајка, која неколку месеци по ред се води од страна на СДСМ и од Соросовите медиуми против медицинскиот персонал и здравствените установи бидејќи на тој начин се генерализира и девалвира работата на здравствените работници. СДСМ и нивните медиуми треба да бидат свесни дека нивната црна кампања може да доведе до немили настани како денешниот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија истакнуваат дека се солидаризираат со лекарите и со медицинскиот персонал и дека даваат поддршка за секоја иницијатива за подобрување на условите во кои ја вршат нивната благородна дејност.
Остануваме силно посветени на унапредување на здравствениот систем во државата. Токму во тој сегмент се вложени над 100 милиони евра во нова опрема, уште 100 милиони евра во реконструкција и изградба на нови објекти, постојана едукација во странство на медицинскиот персонал, намалување на цените во здравството сѐ со цел да се обезбеди поголем пристап до здравствените услуги, поголем квалитет и подобрени услови за работа, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)