Tројца скопјани на возраст 30, 34 и 36 години се осомничени и приведени во полициска станица, по вооружениот инцидент утрово во Клиничкиот центар во Скопје, при што беше повреден еден лекар.
Според најновите информации од СВР Скопје, во моментов се разговара со нив и се работи на утврдување на мотивите за нападот. Пиштолот е одземен и даден на вештачење и се утврдува кое од трите лица пукал кон лекарот.
Повредениот лекар од одделението за дигестивна хирургија е опериран и е надвор од животна опасност.
Како што соопшти СВР-Скопје, утрово во 9.30 часот во полицијата е пријавено дека во Клиничкиот центар, одделение за дигестивна хирургија имало пукање од огнено оружје од страна на непознато лице.
Од страна на СВР-Скопје е излезено на местото на настанот и е констатирано дека лекар од истата клиника во неговата канцеларија се здобил со прострелна рана во пределот на ногата и е надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.