Граѓанин на околу 30 години, незадоволен што мајка му починала на Абдоминална хирургија, пукал утрово во дежурниот лекар Љубомир Огненовиќ (41). Лекарот има две прострелни рани во едната нога, но е опериран и е надвор од животна опасност.
Жената била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок-соба.
Неофицијално, синот утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал четири-пет куршуми, пукал и во сестрата, но неа ја промашил. На излегување истуркал друг лекар кој во тој момент се нашол пред канцеларијата на дежурниот лекар и му се обратил со зборовите: „Бегај да не пукам и во тебе!“
Телевизијата ТВ21 објави видео од Клиниката за абдоминална хирургија снимено по пукањето во кое беше ранет беше еден лекар…
Погледнете го видеото го на следниот јутјуб канал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)