Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, во својот најнов извештај за Косово го осуди насилството на опозициските партии во косовското Собрание и го поздрави постигнувањето на спогодбата во Брисел за формирање на Заедница на општини со мнозинско српско население.
– Ги осудувам употребата на насилство и застрашувањето што користат опозициските партии, а кои го попречуваат нормалното работење на Собранието на Косово, како и недозволивите напади на опозицискиге активисти насочени кон премиерот и кон членовите на Владата – нагласи Бан во извештајот.
Тој ги повика сите политичари да се воздржат од реторика и од дејствувања кои се некомпатибилни со принципите и со нормите на цивилизираното и на демократското општество.
– Таквите чекори се на штета на довербата на јавноста во тие институции, како и на имиџот на Косово во светот. Ги повикувам посебно припадниците на опозициските партии одговорно и зрело да ги исполнат своите обврски, со целосно почитување на демократскиот процес и на институциите за кои се избрани – нагласи Бан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации