Каталонскиот регионален парламент денеска го одобри планот за прогласување независност од Шпанија до 2017 година.
На денешното гласање, 72 пратеници гласаа „за“, додека 63 беа „против“.
Предлогот беше поднесен од сеционистичките партии „Заедно за Да“ и крајната левица, кои заедно имаат мнозинство гласови во Парламентот.
Оваа иницијатива шпанската централна Влада ја смета за неуставна, а Владата на премиерот Маријано Рахој претходно најави дека доколку предлогот биде усвоен, ќе преземе законски мерки да го оспори. По изгласувањето на предлогот, Рахој соопшти дека наскоро ќе има обраќање.
Иако каталонските разграноци на владејачката шпанска Народна партија и Шпанската социјалистичка работничка партија вложија жалби за да го спречат денешното гласање, шпанскиот Уставен суд во четвртокот пресуди дека тоа може да се одржи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.