Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, во рамките на своите програмски активности за одбележување на големиот јубилеј –70 години од постоењето, свечено ќе ја пушти во работа реновираната библиотека „Стале Попов“.
Библиотека „Стале Попов“ ќе биде пуштена во работа денес (9 ноември 2015 година) во 11.00 часот.
Библиотека е реновирана со материјална подршка на Град Скопје а на нејзиното свечено отворање ќе претходи музичка и поетска програма. На отворањето со дел од своето творештво ќе се престави македонскиот писател за деца Перо Миленковски.
Пред присутните ќе се обрати градоначалникот на Град Скопје, г-дин Коце Трајановски и директорката на библиотеката, г-ѓа Гордана Петревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп ќе добие нов лик
-
Музејот на современа уметност доби Библиотека и истражувачки центар
-
„Влези во нов свет“ – Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата