| четврток, 6 декември 2018 |

МВР потврди, приведени тројца скопјани за инцидентот на Клиника

Полицијата приведе три лица поврзани со инцидентот што утрово се склучи во Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од МВР за „Република“, приведени се тројца мажи од Скопје на возраст од 30, 34 и од 36 години.

Пријавата за пукање на Клиниката за дигестивна хирургија пристигнала утрово во 9.30 часот.

Пукано е во доктор од клиниката, кој неофицијално е ранет во ногата и е префрлен на хирургија. Наводно, докторот бил нападнат со огнено оружје од незадоволно лице, чијашто мајка починала во болницата.

Полицискиот увид сè уште трае, по што ќе се знаат повеќе детали.

Повеќе фото овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top