Здружената опозиција денеска го одржа последниот мирен протест, а од понеделник како што најавија, протестите ќе се радикализираат и во исто време ќе бидат блокирани три крстосници во Скопје, кај „Симпо“, на мостот „Гоце Делчев“ кај владата и кај Тутунски комбинат.
– Апелираме до владата дека е време низ политички дијалог да се разговара и да не ги затвора очите за црниот 24 декември, кога на најбрутален начин беа претепани новинари и народни избраници – изјави пратеникот на СДСМ, Андреј Петров.
Тој вели дека за надминување на оваа криза единствено решение е власта да седне со опозицијата и да се најде соодветен начин кој ќе ја извлече Македонија од политичката криза.
Инаку, посетеноста на протестите е многу мала. На вчерашниот протест учестуваа околу 200 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.