| четврток, 6 декември 2018 |

Безвизниот режим не може да биде укинат ни привремено

Tanja Fajon

Предлог-резолуцијата за задржување на безвисниот режим, која денеска беше изгласана во ЕП, на долг период ја блокира можност на државите од Западен Балкан повторно да им се воведат визи за шенген-зоната, изјави денеска потпретседателката на Комитетот за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи, Тања Фајон, јави „Танјуг“.
– По денешната одлука јасно е дека ЕУ уште некое време нема да биде во можност привремено да го укине безвисниот режим за државите од Западен Балкан – изјави таа откако Комитетот со големо мнозинство гласови ја изгласа предлог-резолуцијата.
Тој предлог е одговор на ЕП на барањето од неколку земји-членки на Европската унија да се овозможи за граѓаните од држави од кои имаат голем број лажни азиланти под итна постапка повторно да им се воведат визи. Предлог-резолуцијата што доцна попладне е изгласан предвидува остри критериуми за повторно воведување визи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top