| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Можностите на Германија се ограничени во однос на бегалците

Germany's Minister of Finance Wolfgang Schauble speaks during a discussion during the World Bank/IMF annual meetings in Washington

Германија треба на светот да му испрати порака дека го достигна лимитот од својот капацитет да даде помош за мигрантите кои доаѓаат во Европа, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германија очекува годинава во земјата да дојдат меѓу 800.000 и милион бегалци и мигранти, што е двојно повеќе отколку било која претходна година, пренесе Танјуг.

-Потребно е на светот да му испратиме јасна порака – подготвени сме да помогнеме и тоа досега го покажавме, но нашите можности се ограничени, рече Шојбле во интервји за АРД.

Приливот бегалци предизвика притисок врз локалните заедници и создаде јаз меѓу партиите од владеачката коалиција за прашањето како на најдобар начин да се управува со кризата, наведуваат британските медиуми.

Поделбите повторно се појавија откако министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер кажа дека во иднина сириските бегалци ќе добиваат изменет статус и нема да имаат право на спојување со семејството.

Шојбле го поддржа предлогот кој, како што наведе, Владата детално го разгледува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top