| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз на Реал, Севилја ги надигра „кралевите“ (видео)

Sevilla FC vs Real Madrid

Севилја му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид оваа сезона во Примера дивизија, откако вечерва на својот стадион „Санчез Пижуан“ беа убедливи во победата од 3-2. Овој пораз за „кралевите“ доаѓа во најлош можен момент бидејќи во следното коло на „Сантијаго Бернабеу“ го игра големото „Ел Класико“ против Барселона.
Почетната инцијатива на Реал не го навестуваше поразот бидејќи беа понадмоќен тим во првите 30 минути. Серхио Рамос со одличен удар со „ножички“ го отвори резултатот за почетно водство. Сепак при овој гол тој незгодно падна и се повреди по што мораше да биде заменет, а одбраната на Реал од тој момент не бешена ниво на задачата.
Тоа го искористи Севилја која преку Чиро Имобиле успеа да го израмни резултатот во 36.минута.
Во второто полувреме сосема друга слика на теренот. Севилја го диктираше темпото најчесто по левата страна преку денеска изворедниот украински репрезентативец Евгениј Конопљанка. Тоа резултираше со гол на Банега за целосен пресврт, за по влегувањето во игра во листата на стрелци се запиша и Љоренте со одмерен удар со глава.
Џејмс Родригез кој влезе во игра во второто полувреме го постави конечниот резултат во судиското продолжение и веднаш потоа главниот судија означи крај.
Реал Мадрид има три бода негатива во однос на Барселона, во пресрет на „Ел Класико“.


James Rodriguez Goal – Sevilla 3 – 2 Real… by Football–Live

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top