| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот амбасадор во Либија, Оливер Потежица за киднапирањето: Нападот беше како на филм

Во Либија денес во нападот на колоната на возила, киднапирани се двајца службеници на амбасадата на Србија и ранет е либиски државјнанин кој бил во придружбата, потврдил за Танјуг српскиот амбасадор во Триполи Оливер Потежица, кој исто така се наоѓал во колоната.

-Денеска околу 14.15 по либиско време, на излез од градот Сабрата дојде до напад на колоната од три автомобили, во која беа две коли на амбасадата на Србија и една вокоја беше либиски државјанин кој ја следеше колоната и токму за поголема безбедност, рекол Потежица.
Амбасадорот се наоѓал во првото возило заедно со сопругата и сонивите од 14 и 6 години, додека во другата биле возачот на амбасадата Јовица Степиќ и службеничка за врски Слаѓана Станковиќ, кои се киднапирани.

-До нападот дојде така што напаѓачите прво исценираа судар, односно удрија отпозади во кола на амбасадата и кога возачот се обиде да излезе и да види што се случило тие буквално го извлекоа од автомобилот. Во нападот учествуваа најмалку две возила“-раскажува Потежица.

Пред негови очи, напаѓачите потоа љубезно ја замолиле да излезе Слаѓана и да влезе во нивото возило и потоа исчезнале.

Напаѓачите носеле црни фантомки и при бегството испукале неколку куршуми кон Потежиза и либиецот кој бил со нив, а притоа го погодиле во ногата.

-„Беше како на филм“-вели амбасадорот.

Веднаш пристигнале припадници на либијската безбедност, а ранетиот Либиец бил превезен во болница и е вон животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top