Деветкратниот шампион во моторциклизам, живата легенда во овој спорт, Валентино Роси не го криеше разочарувањето по последната трка од оваа сезона возена во Валенсија.
„Докторот“ вината ја лоцираше кај Марк Маркез, за кого истакна дека денешната трка во Валенсија ја возел како „телохранител“ на Хорхе Лоренцо.
– Му честитам на Лоренцо за освоената титула, но ова не беше вистински Мото ГП шампионат бидејќи се случија работи што не се случиле никогаш досега. Марк Маркез го донесе злото во нашиот спорт, се надевам дека еден ден ќе му се врати истото ова што го направи сезонава. Видовме дека уште на трката на Филип Ајланд се однесува чудно, тој е срамота за овој спорт. Денеска возеше како телохранител на Лоренцо, морав да се борам со двајца возачи. Чудно е, Хонда така да и ја препушти победатана Јамаха, но тоа е тоа – изјави Роси по денешната трка, која ја заврши на четвртата позиција, премалку за да стигне до нова шампионска титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојката на Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа за појадок“ (ФОТО)
-
Стоперот на Валенсија откри каква „сочна“ порака добил од Суарез (видео)
-
Валенсија поразена на гостувањето кај Лас Палмас, натпреварот го заврши со 9 играчи (видео)
-
Алба ја спаси Барса од пораз на „Местаља“, судијата им поништи чист гол на „каталонците“ (видео)