Премиерот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека ќе прифати повик од Брисел за продолжување на преговорите со Србија затоа што дијалогот е единствена разумна опција за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
– Пропаѓањето на дијалогот не би требало да биде опција ни за Србија ни за Косово. Поради тоа, останувам решен и подготвен да прифатам секаков повик од Ештон за заеднички состанок во Брисел кој би бил во следните неколку дена – изјавил Тачи.
Тој тврди дека досега Косово направил бројни отстапки и останало конструктивно во напорите да дојде до договор, а сега било време Србија да биде прагматична и креативна во своите напори да постигне договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово