| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар влегува во ритам, вторпат за седум дена совладан Митјиланд

Македонскиот женски ракометен шампион ЖРК Вардар во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите вторпат за само седум дена го декаласираше данскиот првак Митјиланд со десет голови разлика (25-15) овојпат на теренот на противникот во Данска.
Ова воедно беше и третата победа во низа на вардарки по поразот во првото коло од Ѓер. Тренерскиот двоец Кастратовиќ – Питлик очилегдно одлично ја простудираа играта на Митјиланд и иако во првото полувреме мечот беше израмнет, во вториот дел „црвено-црните“ без многу осцилации буквално почна да го меле противникот. Податокот што Митјиланд во второто полувреме постигна само четири гола, доволно говори за надмоќната игра на Вардар.
Со новите два бода и вкупно шест од четири кола, Вардар практично се пласираше во следната рунда од Лигата на шампионите каде ќе го очекува далеку потешки противници. Сепак искуството кое го имаат овие ракометарки влева надеж дека токму оваа сезона е вистинската за пласман во финалето на завршниот турнир во Будимпешта па и искачување на кровот на Европа.

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (10) (Custom)

Како и што наведе Кастратовиќ пред двомечот со Митјиланд дека одбраната е таа што го добива натпреварот, покрај бедемот од 6-0 во одбрана денеска фантастичен ден имаше француската интернационалка Амандин Лејно кој буквало ги откажа противничките успевајќи да фати дури 19 топки.

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (18) (Custom)

Андреа Лекиќ беше најефикасна со шест гола, четири постигна Ања Алтхаус, по три Сара Ристовска, Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ. Веќе следниот викенд, на 14 ноември, Вардар ќе игра на гости кај Ѓер, меч за прво место во групата, но и за лична одмазда по поразот на стартот од ЛШ. Дотогаш Вардар води во групата Ц со шест бода, колку што има и Ѓер, Митјиланд е трет со четири, а Хипо е последен без бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top