Шпанскиот моторциклист Хорхе Лоренцо ја оствари толку посакуваната победа на последната трка во МотоГП шампионатот возена во Валенсија за Големата награда на Шпанија.
Со тоа ја освои титулата оваа сезона пред клупскиот колега од Јамаха и најголем конкурент оваа сезона, Валентино Роси.
Лоренцо ја искористи пол-позицијата и веднаш изби на чело на колоната и не дозволи во ниту еден момент да му биде загрозено првото место. „Докторот“ Роси извозе имресивна трка и стартувајќи од последното место поради инцидентот во Сингапур, набрзина за само еден круг успеа да се пробие за десет места. По само неколку круга Роси стигна и до четвртото место, но немаше сили за поголем успех бидејќи „шпанското лоби“ составено од Лоренцо, Маркез и Педроса одлично му го чуваше грбот на новиот шампион. На крај Роси заврши на четвртото место во Валенсија што не беше доволно да освои уште една титула во својата кариера.
Маркез дури на пет круга до крајот поопасно му се приближи на лидерот, но немаше ниту еден посериозен обид за да го мине новиот шампион, осигурувајќи му ја толку посакуваната победа.
Така, Лоренцо стигна до третата титула во својата кариера, со пет бода предност во однос на второпласираниот Валентино Роси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојката на Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа за појадок“ (ФОТО)
-
Стоперот на Валенсија откри каква „сочна“ порака добил од Суарез (видео)
-
Валенсија поразена на гостувањето кај Лас Палмас, натпреварот го заврши со 9 играчи (видео)
-
Алба ја спаси Барса од пораз на „Местаља“, судијата им поништи чист гол на „каталонците“ (видео)