Германското Министерство за одбрана нема да ги употреби војниците од Вооружените сили за чување на надворешните граници за време на миграциската криза, изјави министерката за одбрана, Урсула фон дер Лајен, цитирана од ТАСС.
-Тоа е задача на полицијата, а не на Бундесверот, рече таа за ДПА.
Урсула фон дер Лајен напомена дека, според Уставот на Германија, армијата на германска територија може да дава административна или логистичка помош, но не и помош од воен карактер.
На овој начин таа го отфрли предлогот на пратеничката од Бундестагот, Хенинг Оте, за употреба на беспилотни летала долж границата со Австрија, од каде во земјата влегуваат повеќето бегалци.
Истовремено, пишува весникот „Велт ам зонтаг“, според германската Влада балканските држави порано или подоцна ќе ги затворат своите граници за мигрантите. Од тие причини Берлин се подговува за ескалација на тензиите и значително влошување на хуманитарната ситуација на надворешните граници на ЕУ, додаде весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.