| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа триумфираше на фјучрсот во Анталија во поединечна конкуренција

lina gorceska
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа победи на фјучрсот во Анталија и во поединечна конкуренција откако денеска во финалето ја победи Русинката Александра Поспелова со 2:1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:0). Ова за Ѓорческа е вкупно петта титула во сингл во кариерата, а трета во 2015 година (претходно победи во Тарсус и Врњачка Бања).

Во првиот сет Русинката Поспелова ги доби првите два сета за водство од 2:0 во гемови, а потоа Ѓорческа освои пет гема во серија и сетот го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет обратна слика на теренот. Нашата тенисерка по водство на ривалката од 1:0, имаше водство од 4:1 во гемови, но и дозволи на Поспелова да изедначи во мечот откако сетот го доби со 6:4 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓорческа доминираше и го доби сетот со 6:0 во гемови и притоа ги искористи трите брејк топки и скорот во поени само во третиот сет беше 26:9.

Вчера Ѓорческа заедно со Ива Приморац од Хрватска го освои овој турнир и во конкуренција на двојки. За секој триумф Ѓорческа ќе добие по 12 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top